Маричиќ во Брисел: Посветени на европската агенда, засилено спроведуваме реформи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел се сретна со потпретседателката на Европската комисија за транспарентност и вредности, Вера Јурова.
Како што информираат од ресорното министерство, на средбата се разговарало за реформите во земјава со фокус на оние во правосудството, владеењето на правото, но и за европските интеграции.
Маричиќ на Јурова ѝ ја пренел одлучноста на Влада да продолжи со европската агенда и дека земјава со засилено темпо ќе продолжи да ги спроведува реформите со цел носење на европските стандарди дома, а, како што рекол, тоа е и главната причина за носењето и спроведувањето на планот „Европа дома“.
Министерот за правда на потпретседателката на Европската комисија ѝ го образложил и планот за дигитализација на македонското судство. Според Маричиќ, дигитализацијата и онлајн судењата ќе обезбедат побрзи постапки и континуитет на истите.
Извор: Макфакс