Масакар во Калифорнија – убиени 14 лица
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Најмалку 14 лица загинаа, а 14 се повредени во нападот во близина на Центарот за лица со пречки во развојот во Сан Бернардино, Калифорнија. Нападот го извршиле тројца тешко вооружени напаѓачи кои се уште се наоѓаат на слобода.
Началникот на полицијата Џерод Бурган соопшти дека три вооружени лица отворија оган и убија најмалку 14 лица, а исто толку се повредени, пренесува Си -Ен-Ен. Првично, противпожарната служба на Сан Бернардино објави на Твитер дека 20 лица се убиени во инцидентот и дека екипите се на самото место.
Полицијата соопшти дека напаѓачите се наоѓаат на слобода и ги предупреди граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот и да останат во своите домови.
Очевидци тврдат дека нападот бил извршен од тројца мажи со воена опрема.