Машки леш заглавил кај мостот „Око“ во Вардар | Правдико

Правдико

   

Машки леш заглавил кај мостот „Око“ во Вардар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Риболовец забележал машки труп во водите на Вардар во централното градско подрачје, за што ја известил полицијата.

vardar20reka

Имено, во неделата на пладне, во полицијата во Скопје, С.Б. од Скопје пријавил дека додека ловел риба, на кејот од реката Вардар помеѓу Камениот мост и пешачкиот мост „Око“, забележал како водата носи машки леш, кој се заглавил на камењата покрај мостот „Око“.

Од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита од водите бил изваден лешот на машко лице на возраст од 55 до 70 години.

Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство. Увидна екипа извршила увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител, телото е пренесено за обдукција во Институтот за судска медицина.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико