Маскирани лица претепале момче на кејот во Центар | Правдико

Правдико

   

Маскирани лица претепале момче на кејот во Центар

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Маскирани лица претепале и изболе 20-годишно момче од Студеничани. Нападот се случил вчера околу 22 часот на кејот на реката Вардар во Центар, кај МКЦ.

Според информациите на МВР, У.Ш.(20) од село Студеничани, Скопско, бил физички нападнат од страна на неколку маскирани лица, кои со физичка сила и остар предмет му нанеле повреда во пределот на стомакот.

Од страна на лекар од Градската општа болница му биле костатирани телесни повреди. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на настанот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико