Масовни протести во Мадрид против забраната на абортусот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Илјадници луѓе, меѓу кои повеќето жени на различна возраст, излегоа денеска низ улиците на Мадрид во знак на протест поради целта на шпанската Влада да го заостри законот за абортус
Извикувајќи пароли „Слобода за абортусот!“, жените носеле транспаренти на кои пишувало „Пратеници, подалеку од моите јајници!“, обраќајќи и се на Римокатоличката црква како главен пресвртник на реформите во законот за абортус.
Демонстрантите тврдат дека новиот закон ќе ја врати Шпанија назад за повеќе децении и во време кога жените морале да заминуваат во странство за да ја прекинат бременоста.
Собраните граѓани се упатиле кон Министерството за правда во Мадрид и барале оставка на поттикнувачот на реформите во овој закон, министерот за правда Алберт Руиз-Гаљардон.
Според новиот предлог-закон, кој треба да го усвои Парламентот каде владејаќката Народна партија има апсолутно мнозинство, абортусот ќе биде дозволен само во случај на силување или закана по физичкото или психичко здравје на бремената жена.
Извор: Нова Македонија