Правдико

   

Маж прегазен од сопствениот автомобил во близина на наплатната станица Миладиновци

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Синоќа по полноќ било пријавено дека на автопатот Св.Николе – Скопје, пред наплатната станица Миладиновци, се случил сообраќаен инцидент со фатални последици.

Како што информираат од МВР, автомобил „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 58-годишник, запрел, по што возачот излегол од возилото.

Во еден момент автомобилиот се придвижил наназад и со задниот дел го притиснал човекот во банкината на патот, по што 58-годишникот починал на самото место.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико