Маж со нож нападнал 10-годишно девојче
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Десетгодишно девојче било нападнато од маж во близина на нејзиното живеалиште. Случајот го пријавил нејзиниот татко.
Мажот го доближил ножот до девојчето пришто ѝ нанел неколку исеченици, а откако напаѓачот бил удрен од девојчето, го напуштил местото на настанот, соопшти МВР.
Ова лице, според кажувањето на девојчето, и пред два дена ја нападнало во домот, во кој незабележано влегло и ја допирало по телото.
По преземени мерки во Полициската станица Тетово, приведен и задржан е М.Б.(33) од Тетово, кој се сомничи за нападот и од кого е одземен еден ловечки нож со футрола.
Извор: Макфакс