Мажот кој вчера беше приведен пред Врховниот суд во ранецот носел петарди
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Човекот кој вчера беше приведен пред Врховниот суд додека траеше изрекувањето на пресудата за предметот „Диво насеље“ во ранецот носел петарди.
Според информациите на МВР, Е.И. (57) вчера околу 13 часот бил приведен затоа што кај него биле пронајдени прачки што наликуваат на експлозивна направа.
„По вештачењето констатирано е дека се работи за пиротехнички средства, петарди, а исто така утврдено е, со графолошко вештачење, дека тој е автор на анонимно писмо со заканувачка содржина“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против Е.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: Макфакс