Медијација за брзо решавање на деловните спорови | Правдико

Правдико

   

Медијација за брзо решавање на деловните спорови

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

a57b6909aa0f1d469f65500859c305e9За 3,5 до пет часа без речиси никакви трошоци може да се решат деловните спорови во вредност до еден милион денари. Ова се предностите што ги нуди медијацијата за чие афирмирање и промовирање пред компаниите, Стопанската комора на Македонија ги засилува своите активности.

По формирањето на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) во јули годинава, идниот месец ќе бидат организирани и Денови на медијацијата. Во меѓувреме, како што рече на вчерашната прес-конференција, извршниот директор на Комората и претседател на АПМ Јелисавета Георгиева, интензивно се одржуваат семинари во градовите низ земјава за претставување на медијацијата пред што поголем број фирми.

„Целта на АПМ е афирмација и популаризација на медијацијата како алтернативен, брз, ефикасен и економичен начин за решавање на споровите. Двете потенцијални страни, компании, со посредство на лиценциран медијатор може да решат секаков спор до еден милион денари на доброволна основа, без публицитет и нарушување на своите бизнис-односи“, истакна Георгиева.

Медијацијата може да се примени во имотно-правните спорови, трговските, работните, потрошувачките, осигурителните, споровите од областа на образованието, заштитата на животна средина, дискриминацијата…

На прес-конференцијата беа промоврани веб-страницата на Асоцијацијата и брошурата „Промоција – афирмација – успех“.

Извор: Утрински весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико