Медицинска сестра од Ортопедија за операција барала 300 евра, бонбониера и пијалак, во полиција ја пријавиле доктори
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Медицинска сестра од Клиниката за ортопедија е обвинета дека за операција барала и добила 300 евра, бонбониера и пијалак. Во полиција ја пријавиле докторите што ја направиле операцијата, а на кои им дала дел од парите, бонбониерата и пијалакот.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против сестрата на возраст од 54 години за примање награда за противзаконито влијание.
„Обвинетата, на возраст од 54 години, во периодот од 23 до 28.9.2020 година, како медицинска сестра на Универзитетската клиника за ортопедија, од синот на пациентка што требало да се оперира побарала 300 евра, бонбониера и пијалак, наводно како награда за докторите што ја извршиле операцијата. Наградата ја побарала со порака испратена до член на семејството на пациентката. Кога ѝ биле дадени 300 евра, таа 150 евра задржала за себе, а кесата со преостанатите 150 евра, бонбониерата и пијалакот ја предала на двајцата доктори, без да им каже зошто им ги дава. Кога докторите виделе што има во кесата, настанот го пријавиле во полиција“, сопшти Овинителството.
Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за опеределување мерки на претпазливост за обвинетата – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето и забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело.
Извор: Макфакс