Медиуми: Четворица потенцијални терористи од Ирак влегле во Германија | Правдико

Правдико

   

Медиуми: Четворица потенцијални терористи од Ирак влегле во Германија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Германските безбедносни служби имаат информации дека во земјата од ирачкиот град Мосул можно е да влегле четири потенцијални терористи, припадници на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава.

germanija-antiterorizam

Како што пишува весникот Bild, ваквите информации на германското разузнавање на 27-ми декември му ги предале австриските колеги. Информаторот на Австријците рекол дека исламистите во Германија пристигнале од територијата на Грција на почетокот од декември.

Весникот пишува дека на германските власти, исто така, им биле соопштени и идентитети на наводните терористи. Но од Федералната служба за кривични дела, рекле дека идентитетот на потенцијалните напаѓачи не е познат.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико