Медведев: Анкара предизвика заострување на односите меѓу Русија и НАТО | Правдико

Правдико

   

Медведев: Анкара предизвика заострување на односите меѓу Русија и НАТО

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев како криминално дејствие го оцени вчерашниот напад на турските военовоздухопловни сили врз рускиот авион „Су-24“ во Сирија, пренесе ТАСС

25112015105142_24022014151330_medvedev

Премиерот настанот го искоментира пред новинарите во Екатеринбург, на Урал, каде пристигна по турнејата низ југоисточна Азија.

„Неразбирливо криминалните дејствија на турските власти, кои соборија руски авион, предизвикаа три последици“, изјави тој,

-Прво, опасно се заострија односите меѓу Русија и НАТО, што не може да се оправдаат со никакви интереси, вклучувајќи ја и заштитата на државните граници.

Второ, Турција со своите дејствија демонстрира дека всушност ги заштитува борците на Исламска држава. Ништо чудно, објасни тој, со оглед на податоците за директен финансиски  интерес на некои функционери од Турција, поврзани со испораката на нафтени производи, произведени во фирмите на ИД.

-И трето, поткопани се долготрајните добрососедски односи меѓу Русија и Турција, меѓу другото во економијата и во хуманитарната сфера, подвлече  Медведев.

Медведев смета дека тешко ќе може да се компензираат овие штети, дека е можно директно откажување од редица заеднички проекти и турските компании да ги загубат своите позиции на рускиот пазар.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико