Медведев: Започнуваат преговорите со Србија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Премиерот на Русија, Дмитри Медведев најави дека евроазиската економска унија наскоро ќе започне преговори со Србија за создавање на зона за слободна трговија.
Медведев на состанокот на советот на Евроазиската унија истакна дека првата рунда преговори со Израел околу создавањето на слободна зона е завршена.
– Првата рунда преговори со Израел е завршена. Следен чекор е започнување преговори со Србија, како и со уште неколку земји – додаде Медведев.
Членот на комисијата на Евроазиската унија, Вероника Никишина вели дека Израел би можел да го потпише договорот до 2017 година.
Евроазиската унија е трговски блок основан во 2015 година врз основа на царинската унија помеѓу Русија, Белорусија и Казахстан. Нешто подоцна во оваа унија се приклучија и Киргистан и Ерменија, а овој месец Виетнам стана првата нерегионална земја која му се придружи на блокот кој е дизајниран за да обезбеди слободно движење на стоки, услуги, капитал и работна сила помеѓу земјите членки.
До овој момент, преку 40 земји и меѓународни организации, вклучувајќи ги Кина, Индонезија и Иран изразија интерес за договор за слободна трговија со Евроазиската унија.
Извор: Нова Македонија