Правдико

   

Mеѓународна научна конференција на тема: „Кон подобра иднина: Владеење на правото, демократија и полицентричен развој“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, организира меѓународна научна конференција на тема: „Кон подобра иднина: Владеење на правото, демократија и полицентричен развој“ која ќе се одржи на 11 и 12 мај 2018 година во Битола.

Конференцијата има за цел да ги собере на едно место истражувачите и научните работници од земјата и странство, кои ќе ги презентираат своите научни трудови од предметната проблематика и ќе дискутираат за најновите резултати од нивните научни истражувања.

Конференцијата нуди мултидисциплинарен пристап кон проучување на главната тема. За повеќе информации за темата на конференцијата и предложените поттеми, одете на следниот линк: http://pfk.uklo.edu.mk/conference/index.php#Conference_overview

Сите испратени трудови ќе бидат рецензирани, а потоа оние кои ги исполнуваат научните критериуми ќе бидат објавени во печатена и електронска верзија на Зборник на научни трудови на конференцијата. Трудовите ќе бидат индексирани во повеќе меѓународни научни дата-бази. Дел од трудовите, а во комуникација со авторите, ќе бидат објавени во индексирани меѓународни научни списанија како тематски изданија.

Со задоволство ги повикуваме сите заинтересирани автори своите апстракти на англиски јазик да ги испратат електронски на следната e-mail адреса: conference.pf@uklo.edu.mk  најдоцна до 15 февруари 2018 година.

Посебно ги охрабруваме младите истражувачи, магистрантите и докторантите да земат учество на меѓународната научна конференција.

За повеќе информации посетете ја веб-страната на конференцијата: http://pfk.uklo.edu.mk/conference/

Партнери на Правдико