Меѓународна осуда за пресудата против Исмаилова
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Длабока вознемиреност и разочараност. Ова се реакциите на групите за човекови права, медиумските организации и западните влади за пресудата на судот во Азербејџан кој ја казни истражувачката новинарка Кадиџа Исмаилова на 7 ипол години затвор за наводно даночно затајување, нелегален бизнис и злоупотреби.
Триесет и девет годишната соработничка на Радио Слободна Европа, Радио Либерти, според одлуката на судот во Баку, е ослободена од обвинувањето дека поттикнувала едно лице да изврши самоубиство, откако тоа лице ја повлече тужбата.
Исмаилова, која опширно известуваше за финансиското работење на претседателот на Азербејџан Илхам Алиев и на членовите на неговото семејство, силно ги негираше обвиненијата и ги оцени за „манипулација“ со цел да се замолчи нејзината работа.
Нејзината мајка Елмира Исмаилова им изјави на новинарите во Баку дека пресудата нема да ја замолчат.
„Кадиџа нема да запре. Устата нема да и се затвори. Нејзиното пенкало нема да се исуши. Таа ќе продолжи да зборува и да пишува. Таа е борец“, рече Елмира, наведувајќи дека нејзината ќерка се насмеала на пресудата.
Главниот уредник на Радио Слободна Европа Ненад Пејиќ судењето на Исмаилова го оцени како пример на политиката, а не на законот.
Прочитајте повеќе на сајтот на Радио слободна Европа