Меѓународна регулаторна конференција во Охрид | Правдико

Правдико

   

Меѓународна регулаторна конференција во Охрид

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во организација на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во Охрид се одржува Меѓународната регулаторна конференција за 2015 година.

aek

Конференцијата ја отвори министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, додека во работата учествуваат и потпретседателот на одборот на директори на Европското тело на регулатори за електронски комуникации, Горан Марби, како и високи претставници на Меѓународната унија за телекомуникации.

На дневен ред се бројни теми од областа на регулацијата на електронските комуникации и како со регулаторни мерки и со помош да се поттикне развојот на нови технологии и на нови услуги за сите корисници на оваа индустрија.

Утрешниот ден на конференцијата ќе биде посветен на индустријата за електронски комуникации.

Планирани се бројни презентации за иднината на електронските комуникации на операторите за јавни електронски комуникациски услуги – „Македонски телеком“, „ОНЕ телекомуникациски услуги“ и „ВИП оператор“. Претставени ќе бидат и идните технологии во оваа индустрија.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико