Меѓународните истражители потврдија дека Сергеј Скрипал бил отруен со нервен агенс | Правдико

Правдико

   

Меѓународните истражители потврдија дека Сергеј Скрипал бил отруен со нервен агенс

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Меѓународните инспектори за забрана на хемиско оружје ја потврдија анализата на Велика Британија за видот на нервниот агенс со кој бил отруен поранешниот руски шпион.

Организацијата за забрана на хемиско оружје не го именуваше нервниот агенс како „новичок“, но рече дека се согласува со наодите на Велика Британија за неговиот идентитет.

Русија негираше дека стои зад нападот врз Сергеј и Јулија Скрипал во Салсбери, како што тврди британската премиерка Тереза Мај. Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, рече дека нема сомнеж што било употребено во труењето.

„Не постои алтернативно решение за тоа кој е одговорен, само Русија има средства, мотив и записи“, рече Џонсон.

Тој рече дека Велика Британија ја повикала ОПЦВ да ги тестира примероците за да се обезбеди доследност до меѓународните протоколи за хемиско оружје.

Организацијата ја идентификува токсичната хемикалија со своја комплексна формула, во класифициран извештај кој не е објавен.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико