Меѓународните организации за заштита на авторски права со остри реакции за правилникот на СОКОМ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.По повод давањето дозвола за колективно управување на музичките права во Македонија на СОКОМ МАП, RICom publishing – лиценциран партнер на групацијата Univerzal Music Publishing за територијата на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија и ICMP (International Confederation od Music Publisher) со седиште во Брисел реагираа до Владата на Република Македонија, Министерството за култура на Република Македонија и до Комисијата за посредување во авторското право и сродните права бидејќи давањето дозвола за ист вид права на две колективни организации (ЗАМП и СОКОМ МАП) е преседеан во светски размери.
„Тоа е избрзана, неиспитана и непотребна одлука, што го потврдува Предлог-правилникот со тарифа за користење на авторски музички дела на СОКОМ МАП, објавен на нивната интернет страна од 27.06.2016 година.“
Причина за нивната сериозна загриженост е фактот дека доколку тарифата на СОКОМ МАП стапи во сила, авторските права би се обезвредниле, а употребата на нивните дела би била речиси бесплатна.
ICMP смета дека објавените тарифи за експлоатација на ексклузивните права треба да ја изразуваат економската вредност на правата во трговијата на услуги дадена од Здружението за колективно управување. Сметаме дека кога се објавува тарифа треба да се земе во предвид легитимниот интерес на носителот на авторско право. Не веруваме дека тоа е случај со СОКОМ МАП. Исто така ICMP изразуваат загриженост поради Решението за издавање на дозвола на Здружението СОКОМ МАП со оглед на фактот дека е издадена без да се земе во предвид природата на неговите активности, членови, меѓународни Договори или неговите меѓународни признанија. Уште повеќе, разгледувајќи ги тарифите на СОКОМ МАП, имаме причина за сериозна загриженост доколку истиот стапи во сила, со што авторските права би се обезвредниле, а употребата на нивните дела би биле речиси бесплатна.
Од RICom publishing најавија и можна забрана за користење на репертоарот на нашите локални автори, како и на авторите кои припаѓаат на Universal music publishing Catalogue кој ние го застапуваме на територијата на Македонија за сите радиодифузери, кабелски оператори, како и за секое јавно соопштување на авторско музичко дело кое ние го застапуваме на територијата на Р.Македонија доколку се одобри правилникот на СОКОМ МАП. Најавија и ангажирање на нивни застапници за превземање соодветни дејствија за доследна примена на забраната за секој оној кој што ќе ја прекрши со ангажирање независна мониторинг агенција.
Обраќање RICom publishing (линк мак ) (линк анг)
Обраќање ICMP (линк мак ) (линк анг)