Меѓусебно недоразбирање е мотив за убиството на Јанушев, полицијата трага по убиецот | Правдико

Правдико

   

Меѓусебно недоразбирање е мотив за убиството на Јанушев, полицијата трага по убиецот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Идентитетот на убиецот на 28-годишниот Мартин Јанушев и е познат на полицијата, која интензивно трага по него, како што соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конфреренција.

Во јавноста се појавија повеќе шпекулации поврзани со убиецот, кој е во бегство, но полицијата се сомнева дека тој е во државава, според Спасовски. Тој истакна дека имало меѓусебно недоразбирање помеѓу Јанушев и напаѓачот, што претставува можен мотив за убиството, според првичните сознанија. Министерот додаде и дека оружјето со кое е извршено злосторството е пронајдено на местото на настанот.

– Станува збор за едно лице кое го извршило убиството. Првичните сознанија се дека тие имале лично недоразбирање. Во полицијата во Скопје е формиран штаб кој работи на расветлување на случајот. Имаме голем напредок, обезбедени се сведоци и распрашани се повеќемина луѓе. А обезбедени се и снимки од околните објекти – рече Спасовски.

Јанушев беше убиен со огнено оружје на улицата „Владимир Комаров“ во Аеродром, во петокот попладне.

Спасовски информираше дека од јуни оваа година до сега од 12 убиства расветлени се 10, а нерасчистени се две убиства. Тоа се убиствата на Мартин Јанушев во Скопје и Дилавер Бојку Леку во Струга, за кои истрагата се уште е во тек.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико