Меј подготвена за напуштање на ЕУ без договор за Брегзит
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е подготвена да се откаже од преговорите со Европската унија за Брегзит доколку договорот не биде доволно добар.
– Ќе бидеме таму за да преговараме за вистински договор, но сепак сметам дека немање договор е подобар од лош договор. Мора да бидеме подготвени да се откажеме, изјави таа за Скај њуз.
Од друга страна лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин изјави дека може да обезбеди договор за Брегзит со ЕУ доколку победи на изборите.
Во Британија во следната недела се одржуваат вонредни парламентарни избори, а најновите анкети покажуваат дека предноста на Меј над лабуристите е намалена за шест отсто.