Меј: Само суд може да пресуди дали имало воени злосторства во Сирија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Работа на судовите е да одлучат дали во Сирија биле извршени воени злосторства, изјави британската премиерка Тереза Меј во парламентот.
Пред два дена Франција соопшти дека бара начини како Меѓународниот кривичен суд да почне истрага за воени злосторства кои според неа, се извршени од сириските и руски сили во источниот дел од Алепо.
– Ние јасно кажуваме дека само суд може да каже дали било извршено воено злосторство, нагласи Меј.
Таа додаде дека има многу отворени прашања околу евентуалното воведување забрана за летови во Сирија.
Извор: Нова Македонија