Правдико

   

Мексикански гувернер на распит поради убиство

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

pf-5986OGP120910-PENA8-cИстражителите од Мексико Сити денеска ќе отпатуваат во Веракруз поради испитување на гувернерот на мексиканската држава за убиство на фоторепортер, соопшти градоначалникот Мигел Ангел Менсера.

Градоначалникот соопшти дека сите можни сценарија за убиството се разгледуваат, вклучувајќи ја и можноста да биде политички мотивирано.

Гувернерот на Веракруз, Хавијер Дуарте, за локалните медиуми изјави дека нема сознание за инцидентот што се случил на 31 јули во стан во Мексико Сити, каде освен репортер, убиени се и четири жени.

Фотографот Рубен Еспиноза претходно побегнал од Веракруз изјавувајќи дека стравува за својата безбедност поради покривањето на протестите.

Откако Дуарте дојде на власт во 2010 година, 13 новинари се убиени во мексиканската крајбрежна држава.

Извор:МЕТА.мк

Партнери на Правдико