Правдико

   

Мексико: Запленет повеќе од еден тон кокаин

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Мексиканските власти објавија дека пронашле и заплениле повеќе од еден тон кокаин во цистерна во државата Тобаско.

Во соопштението на војската се вели дека скенерот на контролниот пункт на автопатот ја открил „аномалијата“ во товарот на цистерната.

Во цистерната се пронајдени 1.153 пакувања кокаин со вкупна тежина од 1.109 килограми.

Возачот на цистерната е уапсен.

Кокаинот генерално се транспортира со брод или со мали авиони од Јужна Америка во Мексико, а потоа се шверцува до границата со САД, забележува АП.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико