Правдико

   

Меморандум за соработка помеѓу Британска амбасада, Министерство за правда и ЦПИА

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

20160906140817На 6 септември 2016 година, во просториите на Министерството за правда на Република Македонија, беше потпишан Меморандум за соработка од страна на Амбасадорот на Велика Британија во Македонија Чарлс Гарет, Министерот за правда на Република Македонија Валдет Џафери и претседателката на Центарот за правни истражувања и анализи Лидија Стојкова Зафриовска.

Целта на овој Меморандум е да обезбеди соработка помеѓу Канцеларијата на Министерството за надворешни работи и Комонвелт, Министерствoто за правда на Република Македонија и Центарот за правни истражувања и анализи, за успешно спроведување на програмата „Подобрување на квалитетот на правдата во Македонија преку градење на капацитети на судии и мониторирање на судските реформи„.

Меморандумот стапи на сила со денот на неговото потпишување и ќе важи до 31 март 2018 година.

Настанот го отвори Министерот Џафери кој информираше дека програмата има за цел воспостави алатки и методи кои ќе го поддржат македонскиот правосуден систем во зголемувањето на независноста и довербата на јавноста во правосудството и дека истата ќе се имплементира преку матрица на индикатори за мерење на реформите на правосудството, зголемување на капацитетите на судиите во униформирана примена на правото преку употреба на судска пракса и дека програмата ќе придонесе за кревање на јавната свест за екомонската вредност на правдата во судството.

14212006_1325661877458980_5899146765523281369_nАмбасадорот Гарет посочи дека судскиот систем и пристапот до правдата се актуелни теми во Македонија како и дека зголемените капацитети кај судиите, подобрениот перформанс на судскиот систем и зголемената доверба во судството од страна на јавноста и зголемената независност на истото означуваат подобар пристап до правдата за сите граѓани. Тој заклучи дека ова е можност за сите кои работат во рамките на судскиот систем да дадат и личен придонес во зајакнувањето на клучните принципи како доследноста, правната извесност, предвидливоста и транспарентноста и дека преку имплементирање на оваа програма се овозможува посилен судски систем кој значи и посилна држава.

Претседателката Стојкова Зафировска накратко ја претстави програмата која ќе ја имплементира Центарот за правни истражувања и анализи, притоа заблагодарувајќи се за понатамошната поддршка од Амбасадата и константната соработка со Министерството за правда.

Програмата, која ќе се спроведува низ три компоненти, има за цел да воспостави алатки и методи кои ќе го поддржат македонскиот правосуден систем во своите активности во насока на зголемување на неговата независност и довербата на јавноста во правосудството.

Со цел да се поддржи објективната процена на напредокот на реформите на судството во Македонија, Програмата ќе воспостави и спроведе сеопфатен систем за набљудување на работата и резултатите на македонскиот правосуден систем. Овој систем ќе се користи како алатка за информирање за проценката на напредокот на реформите.

Програмата исто така ќе обезбеди обука за градење на капацитети за судиите и ќе дизајнира методологијата за единствена примена на законите, со цел да се консолидира знаењето и разбирањето помеѓу судиите и да се обезбеди поголема транспарентност, ефикасност и квалитет на пресудите. Програмата ќе обезбеди споделување на искуство и стручност од Велика Британија во користење на судската пракса за интегрирање на транспарентност и предвидливост на правдата, и подобрување на јавната доверба во судскиот систем во Македонија. Ефектите од оваа поддршка се очекува да влијаат на квалитетот, независноста и ефикасноста на правдата, што ќе биде предмет на мерење на Матрицата на индикатори за правосудството.

Со цел да се поддржи одговорноста и транспарентноста на работата на судовите, Програмата ќе обезбеди анализа заснована на докази за економската вредност на правдата преку студија на случаи за трошоците во граѓанските предмети. Ќе биде направена споредба на трошоците во различни инстанциони надлежности, таму каде што податоците ќе го дозволат тоа. Анализата ќе го илустрира она што треба да го имаат предвид граѓаните кога ќе влезат во судски процес. Во рамките на овој сегмент, ќе биде структурирана и покрената кампањата за подигнување на јавната свест, насочена кон информирање на јавноста во врска со економската вредност на правдата, како параметар на граѓаните и економската благосостојба на државата и ефикасноста на судството.

Партнери на Правдико