Правдико

   

Меницата како една од најзначајните хартии од вредност

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

g_ocilaМеницата претставува една од најзначајните хартии од вредност поаѓајќи пред се од нејзиното значење што го има во домашниот промет како и во меѓународниот промет.

Тргнувајќи од тоа самата улога на меницата е регулирана како со домашните прописи така и со три меѓународни конвенции, со кои што се уредува режимот на нејзиното издавање, правата и обврските на сите учесници во меницата како евентуалните спорови кои излегуваат од самите права, начинот на нивно разрешување и правните средства со што се употребува во случај на повреда на тие права и обврски.

Меницата, историски гледано, се појавила на определен степен на општествено-економскиот развиток на тогашните мали држави во стариот исредниот век, како резултат на се поголемиот развиток на меѓународната трговија каде што купената стока од странство требало да се плати во валутана странската земја. Така настанала потребата плаќањето да не се врши во пари туку со давање на т.н. писмена исправа со чија помош означената сума можела да се наплати кај менувачот на другата земја.

Меницата го добила своето име поради тоа што таа служела како средство заменување на парите во прометот со стока од повеќе практични причини,пред се, зарди сигурно и безбедно ракување со парите.

Законот за меница дава дефиниција:Меницата  претставува безусловна наредба, кој ја издава трасантот, кој што е упатена на трасантот да исплати определен паричен износ на нејзиниот корисник – ремитент

Трасант е налогодавач или издавач на меница кој се назначува на лицето на меницата.

Трасат е оној кој врши исплата по меницата од трасантовото покритие што  се наоѓа кај него.

Ремитент е физичко или правно лице назначено во исправата на кое му се  исплатува износот наведен во меницата, односно корисник на меницата.

Нашиот закон  ги разликува следните видови:

1. Т.н. трасирана или влечена меница (соло) – Тоа е таков вид на меница која што нејзиниот издавач трасантот му дава налог на трасатот во времето на доспеаноста на побарувањето на меницата, му ја исплати меничната парична сум на ренитентот, нејзиниот корисник.

2. Сопствена или соло меница – Претставува таков вид каде што нејзиниот издавач се обврзува во време на нејзината доспеаност да му исплати на ренитентот сума која што е означена во самата меница.

3. Бланко меница – Која што се карактеризира со тоа што во моментот на нејзиното издавање не ги содржи сите суштествени елементи.

4. Стоковна меница – Меница која што се употребува при купопродажба на стоки и услуги.

5. Деловна меница – Иста како стоковната.

6. Кредитна меница – Меница која што се употребува при барање и добивање на кредит.

7. Домицилна меница – Е таков вид на каде што местото на нејзиното плаќање или издавање е она каде што живее трасатот.

8. Циркуларна меница – Е таа меница која што циркулира, се пренесува во прометот помеѓу меничните должници и меничните доверители.

9. Трасирана – влечена меница – Се состои во тоа што издавачот на себе си влечи меница, на себе си дава налог и тој ја исплаќа меницата.

Во врска со издавањето на меницата  Трасирана меница може да гласи по наредба на самиот трасант,  може да се трасира за сметка на трето лице и може да се трасира и на трасантот.  Трасирана меница може да биде платива кај трето лице во местото во кое  трасантот живее или во друго место – домицилирана трасирана меница

Трасирање на меница е одредување на трасатот во меницата , односно на  оној кој што треба да изврши плаќање по меницата.

Пренесувањето на меницата или пренесување на правата и обврските што таа ги содржи претставуваат најважни менични дејствија. Самото пренесување на меницата според законот се врши според два начини:

– Пренесување по пат на индуцирање
– Пренесување по пат на просто предавање на самата меница

Првиот начин претставува редовен, најчесто практикуван и најсигурен начин затоа што со законот за меница точно е регулирана самата постапка што треба да биде остварена. Нејзината суштина се состои во следното: лицето кое што пренесува одредени права се вика индосант а лицето врз кое се пренесуваат индосант. Според својата природа и содржина индосирањето може да се разликува како пренос на донател, пренос на име и пренос по наредба. Со оглед на формата која се практикува тој може да биде: полн индосамент, бланко индосамент и ректа индосамент.

Втор начин (цесија) која што главно меничните должници и меничните обврзници вршат порамнување на своите права и обврски.

Мерки за зачувување на меничните права

Со законот за меница предвидени се неколку видови на мерки:

– Протест поради неплаќање меница, значи јавна исправа со која се потврдува дека определени менични дејствија од страна на меничните субјекти не се исполнети. Најчесто протестот може да биди поради неаксептирање на меницата, не плаќање, така наречен амортизационен протест.

– Регрес кај меницата

– Правни средства – како правни средства кој што се употребуваат поради ненавремено исполнување како на меничните права така и на меничните обврски, пред нив стојат можност за употреба менични приговори и менични тужби Меничните приговори претставуваат интерни правни средства т.с. тие служат како правен субстракт, правна основа да можат да се подигнат така наречени менични тужби. Како и кај секој вид на тужби така и кај овај во прашање се спорови кој што ги решаваат надлежните судови. Законот за меници предвидува два вида на такви тужби: редовни и регресни.

 

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико