Меркел бара Асад да биде вклучен во решавање на сирискиот конфликт | Правдико

Правдико

   

Меркел бара Асад да биде вклучен во решавање на сирискиот конфликт

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

24092015094817_merkelГерманската канцеларка Ангела Меркел изјави дека треба да се разговара со сирискиот претседател Башар ал Асад со цел да се најде решение за конфликтот во земјата, кој е причина за мигрирање на голем број Сиријци.

– Треба да се разговара со многу играчи, а меѓу нив е Асад, но и други. Не треба да се преговара само со САД и Русија, туку и со важните регионални партнери, сунитските земји како што е Саудиска Арабија, истакна Меркел на прес-конференција во Брисел по вонредниот Европски совет за миграцијата.

Францускиот претседател Франсоа Оланд повторно нагласи дека „иднината на Сирија не може да минува преку Башар ал Асад“. додавајќи дека „не може да има успешна транзиција без негово повлекување од власт“.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико