Меркел ја одобрува можноста Британија да излезе од ЕУ | Правдико

Правдико

   

Меркел ја одобрува можноста Британија да излезе од ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Германскиот канцелар Ангела Меркел побрзо ќе се согласи Велика Британија да ја напушти Европската унија, отколку да дозволи Лондон да ги поткопува принципите за слободното движење на граѓаните на Сојузот, пишува весникот „Шпигел“, пренесува Нетпрес.

merkel

Според Меркел, Велика Британија се движи кон точка од која нема враќање.

Британската влада сеуште не се огласила во јавноста во врска со ова прашање, информира Би-Би-Си и припомнува дека премиерот Дејвид Камерон сака да внесе промена во односите меѓу Лондон и ЕУ, пред Велика Британија да реши дали сака да остане дел од Сојузот. Референдум за ова треба да се спроведе во текот на 2017 година.

Камерон настојува за налагање ба органичувања на бројот на емигрантите, кои пристигнуваат од земји членки на Сојузот, а кои можат да работат и да живеат во Велика Британија. Слободното движење и можноста за работа на граѓаните на одредена земја членка ЕУ во останатите држави од Сојузот е еден од основните принципи, на кои европската интеграција се потпира.

„Шпигел“ потенцира дека Меркел за прв пат допушта евентуално излегување на Велика Британија од ЕУ.

Според германскиот весник, Камерон сега бара начин да забрани во неговата земја да доаѓаат емигранти, кои немат работа, и да ги враќа во нивните матични држави оние, кои во рок од три месеци ќе покажат дека неможат да издржат во Велика Британија.

Од „Даунинг стрит“ соопштиле дека премиерот ќе збирува за прашањата со емиграцијата пред Божиќ.

Извор: Нетпрес

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико