Меркел на Самиот во Софија - Мора да се согласувате едни со други, тоа е многу важно за регионот | Правдико

Правдико

   

Меркел на Самиот во Софија – Мора да се согласувате едни со други, тоа е многу важно за регионот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Германската канцеларка Ангела Меркел на Самитот во Софија порача дека земјите од Балканот мора да се согласуваат едни со други, оти тоа е многу важно за регионот.

„Берлинскиот процес секогаш е поврзан и со помирување на недоразбирањата и наследството од минатото, и се надеваме дека овој процес ќе продолжи. За регионот она што морам да го кажам е дека мора да се согласувате едни со други. Не заборавајте, затоа што тоа е многу важно“, порача Меркел на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов по Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес што се одржува во Софија.

Премиерот Зоран Заев вели дека во рамки на Берлинскиот процес се договорени многу проекти за взаемна соработка и преку процесот, како што вели, се трукаат многу иницијативи. Тој ги наброја регионалниот договор за патување со лична карта, проширување на зелените ленти на ЗБ кон коридорите на Европската унија и соработката во областа на здравството и регионалниот договор на пандемијата. Тој рече дека регионот влегол во нова фаза на соработка.

„Регионот ја презема сопственоста на многу иницијативи и процеси и тоа носи резултати“, рече Заев во Софија.

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов рече дека земјите од Западен Балкан покажале дека размислуваат и дејствуваат европски.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико