Мерки на претпазливост за две лица за случајот со набавката на софтвер
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Денеска во Кривичниот суд беа повикани пред судија на претходна постапка да се произнесат две лица опфатени со истрагата за набавка на софтвер.
„ По нивно сослушување како и ценење на предлогот, судијата на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осомничените им определи мерки на претпазливост согласно член 146 ст.1 т. 1, 2, 3 и 7 односно, Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за јавување пред службено лице во судот или друг надлежен орган, Повремено одземање на патната исправа и забрана за издавање на нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница и Забрана за преземање работни активности поврзани со кривичното дело“ соопшти судот.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Извор: Макфакс