Мерките за заштита од загадувањето продолжени до вторник | Правдико

Правдико

   

Мерките за заштита од загадувањето продолжени до вторник

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Според прогнозите на метеоролозите во Македонија нема навестувања за промена на временските услови, ни на квалитетот на воздухот до средината на наредната недела. Владата затоа ги продолжи заштитните мерки до вторник.

skopje maglaМерките за ослободување од работни обврски поради загадувањето на воздухот во скопскиот, кичевскиот, тетовскиот и битолскиот регион, кое деновиве е над дозволеното, за бремените жени и лицата над 60 години продолжуваат до вторник. Покрај за овие категории граѓани, на денешната отвoрена седница на македонската влада усвоен е заклучокот од работни обврски да бидат ослободени и лицата болни од астма, без разлика на возраста, со препорака од матичен лекар. Ваквата одлука е на предлог на министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, кој посочи дека според податоците од УХМР до вторник не се очекува промена на времето, ниту драстична промена во квалитетот на воздухот.

„Подготвивме брошури кои се делат низ Скопје, Тетово, Битола и Кичево да ги информиораме граѓаните за штетните влијанија доколку користат неквалитетно дрво и гориво. Препорачавме до овие општини да направат анализа или анкета за видот на користење на гориво за затоплување, по примерот на градот Скопје, како и да се избегнува до вторник органзиирање на спортски натрпевари и други културни манифестации на отворено“, изјави Адеми.

Тој информира дека дале задолженија до Министерството за економија да ја разгледа можноста да субвенционира програма за енергетска ефикасност за граѓаните, при замена на стари печки со нови. Градот Скопје да ја разгледа можноста да субвенционира чистење на оџаците кај граѓаните, а потоа да ја информира Владата.

Владата, како што најави Адеми, во вторник повторно ќе се состане да види дали треба мерките да бидат продолжени. Тој изрази надеж дека до тогаш ќе има подобрување на квалитетот на воздухот.

Извор: DW

Препорачуваме

Партнери на Правдико