Мерцедес удри во петгодишно дете во Сарај
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Петгодишно момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на крстосницата со улицата 20 во скопски Сарај.
Според информациите од МВР, 25-годишниот Д.Љ. од струшкото село Делогожди со автомобил мерцедес удрил во петгодишното момче од скопско Долно Свиларе.
Детето итно е пренесено во Ургентниот центар во Скопје. Констатирани му се тешки повреди од ударот и задржано е на Клиниката за детска хирургија.
Извор: Макфакс