Месни заедници за да се чуе гласот на граѓаните
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Неопходно е преземање активности за повторно да се активираат урбаните, а особено месните заедници во селата каде што жителите ќе се собираат и самите ќе одлучуваат за своите потреби и приоритети. Ова беше истакнато на вчерашната дебата „Месната самоуправа – неискористен потенцијал за јакнење на локалните заедници“, во организација на Министерството за локална самоуправа и Канцеларијата на УНДП во Скопје.
Заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески пред почетокот на дебатата изјави дека се потребни јавни дебати за тоа колкава е потребата од месната самоуправа, односно како да се организираат урбаните и месните заедници за да бидат во служба на граѓаните.
– Очекувањата се дека ќе има голема заинтересираност по ова прашање, особено во селските средини, за кои функционирањето на месните заедници е од исклучително значење за нивното нормално и секојдневно живеење – рече Павлески.
Нашиот пристап, како што нагласи, е дека мора да направиме сѐ, сите граѓани, без разлика дали живеат во село или во град, да имаат еднакво исти и квалитетни услови за живот на целата територија на Република Македонија.
– Она што е наша цел е да воспоставиме систем на локална самоуправа во кој граѓанинот ќе биде во центарот на вниманието, а неговите потреби ќе бидат врвен приоритет – рече Павлески.
Извор: Нова Македонија