Мигрант од Авганистан повреден при разминување на два товарни воза кај Криволак
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во попладневните часови на 2 јуни во полиција било пријавено дека во непосредна близина на железничката станица „Криволак“, при разминување на два товарни воза помеѓу два колосеци, товарниот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје удрил во мигрант од Авганистан.
Притоа, Авганистанецот се здобил со повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување лекарска помош.
Неготинската полиција извршила увид на местото на настанот.
Извор: Макфакс