Мигрантите ја пробија заштитната ограда -најмалку 30 повредени
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Околу пладне мигрантите на грчко-македонската граница ја пробија оградата, македонската полиција истрела солзавец и шок бомби. Мигрантите на тоа одговорија со камења. Најмалку 30 луѓе побарале медицинска помош по инцидентот.
На царинската испостава во Гевгелија, мигрантите, кои извикуваа “Отворени граници”, фрлаа камења на македонската полиција, по што полицијата мораше да се повлече .
Најмалку 30 лица, меѓу кои и деца, побараа медицински третман по инцидентот на грчко-македонската граница, кога мигрантите се пробија преку оградата, соопштува хуманитарната организација “Лекари на светот”, пренесува АФП.
Полицијата претходно изјави дека околу 500 мигранти се пробија преку редовите на грчката полиција за да дојдат до оградата која ја дели Грција и Македонија, пренесува БиБиСи, мигрантите ја пробиле оградата користејќи големи дрвени трупци .