Правдико

   

Мијалков бара укинување на куќниот притвор

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијаков бара да му се укине мерката куќен притвор за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Империја“ .

Неговата одбрана денеска барањето за укинување на притвор го достави до Основниот суд Скопје1. Според нив предметот го води неовластен обвинител.Адвокатскиот тим на Мијалков во нивното барање се повикуваат на правното мислење на Врховниот суд, кој во средата утврди дека СЈО не смее да отвора истраги и да подигнува обвиненија по истекот на 18 месеци од преземањето на прислушуваните материјали од тогашната опозиција.

Во предметот Империја, покрај Мијаков осомничени се и – Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Цветан Панделевски, кои исто така беа во куќен притвор. Тие се сомничат дека преку неколку фирми испрале 8 милниони евра од Македонија и и 2,5 милиони од странство, преку оф шор компании.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико