Мијалков и Кочан на суд, нови рочишта за „Труст“, „Трезор“ и „Тарифа“ | Правдико

Правдико

   

Мијалков и Кочан на суд, нови рочишта за „Труст“, „Трезор“ и „Тарифа“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

За предметите „Труст“, „Трезор“ и „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска ќе се одржат нови засебни рочишта во Основниот суд.

Кривичните дела за кои се товарат обвинетите во овие предмети се за Злоупотреба на службена должност и овластувања, Неизвршување на службена должност и фалсификување на документи.  Во преметот „Трезор“ осомничи дека со злоупотреба на службена должност ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, неговиот шеф на кабинет Тони Јакимовски, експомошник-министерот во МВР, Небојша Сајковиќ, како и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, предизвикале штета на буџетот во висина од  862.045 евра. Штетата е направена со набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа.

За случајот „Труст“, СЈО тврди дека обвинетите со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра. Предметот е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста и треба да бидат репродуцирани во судницата. Обвинети се бизнисменот Сеад Кочан со две физички и три правни лица.
Преметот „Тарифа“ ги товари обвинетите дека ја злоупотребиле службената положба и овластувањето во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП систем“. Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.  Во преметот на СЈО, обвинети се Дејан Бошковски, поранешен генерален директор на АД ЕЛЕМ, Методи Стојменовски и Ненад Ѓорѓевски. Во случајот станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу 4 милиони евра.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико