Мијалков и осомничените во „Трезор“ на распит во суд | Правдико

Правдико

   

Мијалков и осомничените во „Трезор“ на распит во суд

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

image-1Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање е повикан на распит во Кривичниот суд за случајот „Трезор“, како и другите осомничени во случајот закои се бара мерка за претпазливост.

Како што јави репортерот на Макфакс, во текот на денот во судот треба да се појават – поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков, и за уште двајца осомничени во овој случај.

Повикани се на распит кај судија на претходна постапка, за да се одлучи за барањата од Специјалното јавно обвинителства за одредување мерки за претпазливост.

Претходно, судот го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство, на Горан Грујовски, шефот на Петтата управа да му се одреди притвор.

Како што јавува нашиот репортер, околу судот има големо полициско обезбедување, исто како и минатиот пат, кога Мијалков беше на распит во судот, затоа што во ист ден се одвива и судењето за „Диво насеље“.  На новинарите не им се дозволува да се приближат до службениот влез во судот за да фотографираат.

Специјалното јавно обвинителство го отвори случајот „Трезор“, кој се однесува на набавка на опрема за комуникации за потврдите на Упоравата за безбедност и контраразузнавање, за која постојат наводи дека е платена многу поскапо и дека преку неа се исцицале близу милион евра од Буџетот на Република Македонија непотребно.

Поранешниот директор на УБК е осомничен и за случајот „Тортура“, каде се работи за начинот на апсење на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико