Мијалков ќе бара врховните судии да му го укинат куќниот притвор | Правдико

Правдико

   

Мијалков ќе бара врховните судии да му го укинат куќниот притвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кога судиите на Апелациониот суд во Скопје вчера одлучија да го прифатат предлогот на СЈО и да му го продолжат притворот на ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, неговите адвокати најавија дека денеска ќе ја искористат законската можност и ќе поднесат жалба до Врховниот суд, идентично како во случаите со бизнисменот Орце Камчев и другите осомничени во случајот „Империја“.

Ова следува кога Врховниот суд на општа седница донесе начелно правно мислење дека специјалното јавно обвинителство е неовластен тужител по рокот определен со Законот за СЈО. Денеска врховните судии одлучуваат дали да ја прифатат жалбата на адвокатите на Орце Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ за тие да излезат од куќен притвор бидејќи мерката им е побарана од неволастен тужител и надвор од рокот.

Покрај Сашо Мијалков, во истрагата „Империја“ опфатени се и Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска-Камчева, Христина Камчева-Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски. Тие се осомничени дека направиле злосторничко здружување, оштетиле доверители, ја злоупотребиле службената положба и овластувањето, мамеле и переле пари.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико