Мијалков на распит во СЈО
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков дојде на распит во Специјалното јавно обвинителство, во придружба на адвокатот Љупчо Шврговски, поранешен државен јавен обвинител, кој го замени досегашниот адвокат Никола Додевски.
Против Мијалков досега се отворени три истраги во СЈО. Осомничен е во случаите „Таргет“, „Трезор“ и „Тортура“.
Случајот „Таргет се води за масовно незаконско прислушување на граѓани, политичари, новинари и бизнисмени во УБК. Во „Трезор“, пак, се води истражна постапка против три раководни лица од УБК и едно раководно лице од МВР, кои се сомничат дека прибавиле имотна корист за правното лице „Финзи“ во вкупен износ од над 53 милиони денари или над 862.000 евра. Се сомничат за злоупотреба на пари од буџетот за лично богатење.
Во „Тортура“ има шестмина осомничени, а случајот се однесува на нечовечното апсење на Љубе Бошкоски на 6 јуни 2011 година, еден ден по тогашните избори, за незаконско финансирање на кампањата.
Не е соопштено за кој случај Мијалков денеска е повикан на распит.
Извор: Нова Македонија