Правдико

   

Мијалков за апсењето на Бошкоски: „Апсолутно не сум виновен“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестте обвинети припадници на единицата „Алфа“, на денешното рочиште за апсењето на лидерот на ОМ, Љубе Бошкоски, изјавија дека го разбираат кривичното дело за коe се товарат и не се чувствуваат виновни.

Претходно одбраната побара запирање на истрагата и судскиот процес повикувајќи се на помилувањето од претседателот, Ѓорге Иванов.

Обвинителот од СЈО во воведните зборови изјави дека ќе докажат оти на 6 јуни 2011 година поради дискриминација по основ на поинаква политичка определба, Сашо Мијалков ги навел обвинетите „алфи“ при лишување од слобода на тогаш осомничениот Љубе Бошкоски да му предизвикаат душевно страдање заради одмазда спрема него поради политичките пораки што му ги испратил на тогашниот директор на УБК во изборната кампања.

Во обвинителниот акт исто така е наведено дека без било каков отпор од страна на Бошкоски, употребена е прекумерна сила при апсењето. Обвинетите ги пренеле заканите од Мијалков кон Бошкоски, му упатиле погрдни зборови за апсењето, а еден од обвинетите „алфи“ му ставил пиштол на образот на Бошкоски и му се обратил со зборовите: „Бел ден да не видиш“.

Рочиштето за насилното приведување на Љубе Бошкоски беше одложувано неколкупати. Во случајот „Тортура“ обвинети се шест припадници на единицата „Алфа“ – Новица Станковски, Филип Атанасов, Петар Милошевски, Јован Гоцевски, Метуш Шабани, поранешниот прв човек на единицата „Алфа“, Ивица Антевски – Пуки, и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Следното рочиште е закажано за 3 септември.

Виктор Јованов

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико