Микаела Швајцар Блум e новиот американски заменик амбасадор во Македонија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Микаела Швајцар Блум ќе биде новиот американски заменик амбасадор во Македонија и се очекува таа наскоро директно од Вашингтон да пристигне во земјава.
Во дипломатската кариера на Швајцар Блум се вбројуваат повеќегодишна служба во Стејт Департментот и учество во неколку мисии. Швајцар Блум исто така работела и во Генералниот конзулат на САД во Ерусалим, каде била портпарол и тесно соработувала со тогашната администрација на Секретарот Клинтон, особено по прашањата за израелско-палестинскиот конфликт.
Швајцар Блум исто така има работено и на Балканот, односно во Хрватска, каде три години била прв секретар и советник за економска соработка.
Извор: Макфакс