Милан Бандиќ го чека долг притвор | Правдико

Правдико

   

Милан Бандиќ го чека долг притвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, кој во неделата е уапсен под сомнеж дека извршил повеќе кривични дела за корупција, би можел да остане во притвор една година, поради големиот број на сведоци во случаите кои треба да ги докаже.

54FD28C8124E8C44841DCED8831DCB88

Портпаролот на Канцеларијата за спречување корупција и организиран криминал (УСКОК), Вук Ѓуричиќ потврди дека имаат предложени 270 сведоци и додаде дека искуството од истрагите кои се воделе против поранешниот хрватски премиер Иво Санадер и поранешниот сисачко-мославачки жупан Марина Ловриќ Мерзел, укажуваат дека тој број може да биде и поголем.

Со тоа би се продолжил и престојот на актуелниот загрепски градоначалник во истражниот затвор Реметинац, каде што се наоѓа по одлуката на истражниот судија на загребскиот Жупаниски суд да му одреди притвор во траење од 30 дена, поради опасност од влијание врз сведоците и повторување на делата.

Бандиќ се товари за незаконско работење со фирмите ЦИОС на осомничениот Петар Припуз и „Брамград проект“ на Бранко Михаљевиќ, како и дека, според УСКОК, го оштетил градскиот и државниот буџет поради спорното финансирање на претседателската кампања во 2009 година.Исто така, тој е осомничен и дека петпати ја злоупотребил својата службена положба при незаконско вработување на блиски лица во Градската управа и Загребскиот Холдинг, а седумпати ја злоупотребил својата функција во врска со користење на службените автомобили на Град Загреб за приватни цели.

Извор: Утрински Весник

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико