Правдико

   

Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Илија Димовски на 18 февруари седнуваат на обвинителна клупа

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судењето за предметот „Талир“ на специјалното јавно обвинителство за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ почнува на 18 февруари во кривичниот суд. Во случајот обвинети се поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ексгенералниот секретар на владата, Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска, која лани призна вина и доби условна казна.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра во кеш за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе. Тие се обвинети за кривично дело незаконско финансирање правно лице – политичка партија“.

За предметот „Талир“ има уште едно обвинение за кое судот сè уште нема донесено одлука, а се однесува на незаконска изградба на партиското седиште. Според обвинението, Никола Груевски и Кирил Божиновски склучиле договор за изградба на објектот со градежната компанија „Бетон“ од Штип иако не смееле тоа да го направат затоа што оваа фирма имала склучено договори за јавни набавки со други државни институции. Со договорот со „Бетон“ тие договориле несразмерна корист за ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин стекнале имотна корист од над 8 милиони евра за партијата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико