Правдико

   

Mилески се преселил, судот во Охрид ќе биде надлежен за одложување на казната

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Осудениот во случајот „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец, кој вчера требаше да се јави на издржување на затворската казна во КПУ Затвор Скопје, доставил молба за одлагање на казната, информираат денеска од Кривичниот суд.

Оттука велат дека истовремено, Милески го известил судот дека по приемот на Упатниот акт ја променил адресата на живеење од Скопје во Охрид, па согласно одредбите од Законот за извршување санкции, за одлучување по барањето за одлагање како и понатамошното постапување по предметот наделжен според адреса на живеење на осудениот е Основниот суд во Охрид, каде предметот е веќе испратен.

Тој на почетокот на процесот „Рекет“ призна вина по што веднаш ја доби и пресудата, тригодишна затворска казна.

Освен Кичеец, во истиот процес на седумгодишна затворска казна е осудена и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и на деветгодишна затворска казна неформалниот сопственик на поранешната „1ТВ“, Бојан Јовановски, попознат како Боки 13.

Тој, како што беше наведено во пресудата, бил посредник и договарал средби помеѓу Бојан Јовановски – Боки 13 и сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана. Средби имале потоа и со Камчев кога тој излегол од притвор. На средбите тие барале и зеле пари за Камчев да добие поблаг третман во случајот на СЈО, „Империја“, каде што тој е осомничен. Според пресудата, двајцата од Камчеви зеле околу 1,5 милион евра.

Кичеец првично беше во куќен притвор, а по поднесувањето на гаранцијата во недвижности од 13 милиони денари, куќниот притвор му беше укинат.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико