Милион евра од Германија за бегалците низ Западен Балкан | Правдико

Правдико

   

Милион евра од Германија за бегалците низ Западен Балкан

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

724D4052-F266-4573-9E87-28FEB29B9BF0_w640_r1_sМинистерството за надворешни работи на Германија краткорочно става на располагање еден милион евра за хуманитарни цели, со оглед на драматичната ситуација со бегалците кои транзитираат низ Западниот Балкан, соопшти денеска Германската амбасада во Скопје.

„Не можеме да седиме со скрстени раце кога во соседните држави на Европската Унија има бегалци кои се наоѓаат во многу тешка ситуација, барајќи заштита. Важно е сега на лице место да се поддржат владите во нивната одговорност и да им се помогне на бегалците на најбрз и најефикасен начин.

За таа цел и како прва итна мерка ставаме на располагање 1 милион евра за згрижувањето на бегалците во државите на Западниот Балкан. Мора да делуваме брзо и да покажеме дека Европската Унија и во тешки времиња се залага за своите вредности, не ги оставаме нашите соседи сами. Тука спаѓа и фер распоредување на бегалците внатре во Европската Унија, како што сме го предложиле тоа во нашиот план за европската политика со беглаци, кој се состои од 10 точки“, изјавил министерот за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмаер, стои во соопштението од Германската амбасада во Скопје.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико