Милошоски: СЈО да нема повластен статус
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Нашето мислење е дека СЈО треба да биде дел од државното јавно обвинителство, но да нема повластен статус што ќе привилигира некои обвинители, а ќе деградира други, порача Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ пред преговорите во министерството за правда за законот за јавно обвинителство.
Прашан дали ќе попуштат во нивните барања, Милошоски одговори дека процесот е раководен од министерството за правда, а власта и коалиционите партнери се тие кои треба да создаде атмосфера за компромис и наоѓање заедничко решение што Парламентот би го изгласал со консензус.
Тој изрази надеж дека министерката ќе успее да ги убеди сите чинители во процесот и ќе се стигне до заеднички компромис што нема да отстапува од позитивните прописи во земјата и од судската пракса во Судот во Стразбур.
Извор: Радио слободна Европа