Минатата година во земјава повеќе бракови се разведени отколку што се склучени | Правдико

Правдико

   

Минатата година во земјава повеќе бракови се разведени отколку што се склучени

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Минатата година во земјава повеќе бракови се разведени отколку што се склучени. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани се склучени 13.813 бракови кои се за 1,2 отсто помалку од претходната година, а разведени се 2.210 што е за 8,1 отсто повеќе во однос на 2013 година.

f9a19c82-dd69-4cf1-a45c-a1beca5fd1c1-loans_damage_family_relationships

 

Најмногу бракови во текот на годината се склучени во август, 13,2 отсто, а најмалку во март, 5,8 отсто. Жените најчесто стапуваат во прв брак со 92,7 отсто и мажите со 90,6 отсто. Во втор и трет брак почесто стапуваат мажите. Од вкупниот број бракови во 8,7 отсто мажите стапиле во втор а во 0,7 отсто склучиле трет брак.

Просечната возраст при склучување на прв брак е 26 години за невестата и 28,8 години за младоженецот.

Најмалку разводи имало во август 3.0 отсто, а најмногу во декември 11,2 отсто.

Според возраста на сопругата, најголем број разводи се случиле во старосната група од 30 до 34 години, a за сопругот во старосната група од 35 до 39 години.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико