Правдико

   

Минатиот месец “алфите“ по разни основи привеле 221 лице

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

policija-alfi-priveduvanjeВо текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа при вршење на редовна мотопатролна дејност вкупно извршиле легитимирање на 1.428 лица, потоа преглед на 18 ПМВ, а по разни основи биле приведени вкупно 221 лица.

И тоа, по основ на телеграма 38 лица, Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – пет лица, под сомнение за извршено кривично дело – 19 лица, по извршено кривично дело – 24, на лице место во вршење на кривично дело биле приведени 11 лица, за издржување на казна затвор – 10 лица, за утврдување на идентитет – четири лица и за недозволени предмети приведени се четири лица;

Вкупно приведени лица по ЈРМ – 37
–    Учество во тепачка – 12
–    Физички напад – 4
–    Омаловажување полициски службеник – 1
–    Комар или други игри на среќа – 14
–    Напад на службено лице – 1
–    Останати прекршоци – 5

Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – 38
–    НН тревкаста материја – 30
–    НН прашкаста материја – 7
–    НН течност – 1

Вкупно приведени лица со ПМВ – 27
–    по телеграма – 24
–    сообраќаен прекршок – 2
–    сторен царински прекршок – 1

Вкупно приведени лица со ТМВ – 2
–    не поседување на соодветна документација за товар – 2

Вкупно приведени лица со мотоцикл – 2
–    непоседување на соодветна документација – 2

Вкупна дадена асистенција при вршење претрес на дом и други простории –  11.

Останати активности на Единицата:
–    Предадени двајца сторители на кривични дела
–    Предадени 24 лица поради нарушен ЈРМ
–    Предадени 33 лица за сторен сообраќаен прекршок
–    Предадени 293 странци со нерегулиран престој
–    Предадени двајца малолетници и
–    шест останати случаи на предадени лица
–    пронајдени и предадени 2 ПМВ  и еден предмет кои потекнуваат  од кривично дело
–    извршени две обезбедувања на лице место

Извор: МВР

Партнери на Правдико