Правдико

   

Минатиот месец во рамки на “Гора“ пет кривични пријави против шест лица

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

osomnichenite-za-petkratnoto-ubistvo-kaj-smilkovci-dobija-30-dneven-pritvor-83504Постапувајќи по ОА ГОРА, во текот на минатиот месец Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе пет кривични пријави  против шест лица за сторени осум кривични дела и тоа: три “кражба“ (чл. 235 ст. 3) и по едно дело “кражба“ (чл.235 ст.3 в.в ст. 4), “фалсификување или уништување деловни книги“ по (чл.280 ст.1 ), “помагање“ в.в “кражба“ ( чл.235 ст.3 в.в. ст.4 в.в. чл.24), “фалсификување или уништување деловни книги“ од (чл.280 ст.2) и “злупотреба на службена положба и овластување“ (чл.353). Притоа, констатирано е дека бесправно била исечена дрва маза во количина од над 30 метри кубни огревно дрво а причинетата штета е проценета на 196.000 денари.

Во првиот случај кривичнопријавен е Е.И. (64) од Скопје за кривично дело “кражба“ (чл.235 ст.3). Тој со намера за противправно присвојување, од туѓа шума бесправно одзел повеќе стебла огревно дрво вид бука во количина од 12,30 метри кубни, и без соодветна документација и без жиг, истите ги складирал на својата нива во атарот на с.Патишка Река. Од страна на Шумската полиција дрвната маса, извршен разговор со пријавениот, а со наведеното дејствие пријавениот  ја оштетил заедницата за  86.100 денари.

Во вториот случај кривично е пријавено лицето З.М. (58) од Скопје за кривично дело “кражба“ (чл.235 ст.3), затоа што со намера за противправно присвојување, од туѓа шума бесправно одзел повеќе стебла огревно дрво вид даб, бука и габер, во количина од три метри кубни и истите ги складирал на своја нива во непосредна близина на својот дом во с.Држилово. Со наведеното  пријавениот  ја оштетил заедницата за  21.000 денари.

Во третиот случај кривично е пријавено лицето К.А. (47) од Скопје за кривично дело “кражба“ (чл.235 ст.3). Пријавениот со намера за противправно присвојување, откако претходно од туѓа шума безправно исекол повеќе стебла на дрва даб во количина од три метри кубни истите ги натоварил во ТМВ марка „Мерсцедес Фургон“ со скопски регистарски таблички по што се упатил да ги превезе до својот дом во с.Кондово, Општина Ѓорче Петров. Но во околината на граничен премин Чашка, Скопје, пријавениот бил запрен од полициски службеници од ПС за ГН Чашка, и по извршената контрола  истиот е лишен од слобода во ПС за ГН Чашка. Со наеденото инкриминирано дејствие  пријавениот ја оштетил заедницата за 21.000 денари.

Во четвртиот случај кривичнопријавени се лицата С.С. (32)  од Куманово за “кражба“ ( чл.235 ст.3 в.в ст. 4) и “фалсификување или уништување деловни книги по (чл.280 ст.1) и С.М. (27) од Скопје за “помагање“ в.в “кражба“ (чл.235 ст.3 в.в. ст. 4 в.в. чл.24) и “фалсификување или уништување деловни книги“ од (чл.280 ст.2). Имено, првопријавениот С.С., (управител на ДПТУ„СОКОЛ-АРЦ КОМ“ДООЕЛ с. Гошинце) откако претходно присвоил безправно исечено од туѓа шума огревно букаво дрво во количина од 9.70 метри кубни, со намера да изврши легален превоз од неговиот склад за дрва во с.Гошинце до наводен купувач од општина Бутел, Скопје, односно до за него саканата денистинација, предметните дрва заедно со второпријавениот ги натовариле во ТМВ марка Мерцедес и додале уште 4 метра кубни буково дрво жигосани со број на жиг што С.С. предходно легално ги набавил. Со намера да го замаскираат незаконското дејствие С.С. во својство на управител изготвил и со свој потпис и печат на правното лице заверил испратница за превоз на огревно дрво во која внел невистинити податоци дека наводно траспортира дрвна маса во количина од 13 м3, а не 13,7 м3 колку што било натоварено и дека најмалку 80% од дрвото е жигосена со жиг, наводно издадена за сметка на Одобрение за сеча под број кој се однесува на одобрение за сеча кое всушност правното лице „Форест Инженеринг“ предходно му го издало на друго лице. Дури како возач на  возилото со кое се врши транспорт навел друго лице иако знаел дека возач на возилото е второпријавениот. Така изготвената испратница со невистинети податоци истиот ден му ја дал на второпријавениот, кој во својство на возач се упатил кон Скопје за да изврши превоз на дрвата и предметната испратница ја употребил како вистинита при вршење на рутинска контрола на ТМВ на ул.„Бутелска“ во Скопје од страна на полициските службеници од ЕБПС. Со наведените инкриминирани дејствија пријавените ја оштетиле заедницата за 67.900 .00 денари.

И во петиот случај кривично е пријавено лицетов Ф.Ј. (38) од Скопје за кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување “ (чл.353). Пријавениот, во својство на службено лице-шумски полицаец во Шумска полициска станица Скопје, на сторител на прекршок му вратил ТМВ марка „ТАМ“ со скопски регистарски таблички, кое претходно врз основа на безправен превоз на огневно дрво бука, било одземено од страна на полициските службеници од ПС ОН Кисела Вода и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. Пријавениот, иако бил дел од патрола на Шумска полиција која извршила контрола и мерење на дрвната маса, без да изготви никаков документ, му го вратил на сторителот на прекршокот предметното возило, при што ја одзел само дрвата маса во количина од 3,5 м3 огревно буково дрво кои ги предал во Агенција за управување со одземен имот.

Партнери на Правдико