Минималецот највисок во Австралија: За шест саати неделно може да се живее нормално
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Анализата на консултантската компанија ОИСР посочува дека Австралија има најдобра минимална плата за работници.
Во анализата се вклучени 27 земји, които имат одобрен национален минимум за минимална плата. Минималната саатница е највисока во Австралија – 15,96 австралиски долари на час.
-Во Австралија има високо ниво на минимална плата и ниска даночна ставка“, смета Хервиг Имервол, автор на анализата.
САД е на 11 место на класификацијата со 7,25 долари. Анализата на ОИСР посочува, дека еден австралиец, кој работи за минимална плата и има две деца може да работи само 6 часа неделно за да живее на работ на егзистенција, за што ќе добива и државна помош.
Во САД истиот работник треба да работи 50 часа неделно за да биде на работ на егзистенцијата, а во Чешка 79 часа. Вкупно осум држави од истражувањето на ОИСР не се вклучени во анализата, затоа што немаат закон за минимална плата, меѓу нив се Финска, Шведска и Швајцарија. Во овие држави условите за работа се толку добри што државата нема потреба да ја регулира минималната плата.
Ова се држави кои имаат највисока минимална плата
1. Австралија – 9,54 долари на час
2. Луксембург – 9,24 долари на час
3. Белгија – 8,57 долари на час
4. Ирска – 8,46 долари на час
5. Франција – 8,24 долари на час
6. Холандија – 8,2 долари на час
7. Нов Зеланд – 7,59 долари на час
8. Германија – 7,19 долари на час
9. Канада – 7,18 долари на час
10. Велика Британија – 7,06 долари на час
Држави со најниски минимални саатници се Латвија, Чиле и Мексико каде што минималната плата на час е околу 1 долар.
Извор: еМагазин